Air Flower – саксиски цвеќиња што лебдат во воздух

275

Air-Flower-LifestyleДвајца креативни студенти од Виена, Австрија, Томас Биалек и Александер Лачински ја споија својата љубов кон технологијата и природата на еден интересен начин, пишува Inhabitat.

Нивната креација е наречена Air Flower, а станува збор за саксиски цвеќиња што лебдат во воздухот, односно над својот сад. Нивните дизајни потсетуваат на лебдечките јапонски бонсаи, но можат да левитираат повисоко и да поднесат поголема тежина од сите слични изуми досега.

Она што овозможува овие растенија да лебдат се магнети коишто се сместени во керамички сад. Рачно изработените садови доаѓаат во пет бои и над нив може да лебдат kokedama – јапонски бонсаи од мов или малечки саксии во коишто може да се посади цвеќе според желба.

Секое парче е уникатно и рачно изработено од уметници кои користат традиционални методи и природни материјали. Заинтересираните можат да избираат помеѓу сетови со вистински бонсаи дрвја, кактуси или може да креираат нивна композиција со тежина до 300 грама.

Air Flower има своја кампања на глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter.

Air-Flower-Levitating-Plant-1020x6109732dbd36cef6ac9b2cdfc37777e63b8_originalAir-Flower-Beauty-1020x610