Air France им врати над милијарда евра на патниците

74

Францускиот авиопревозник Air France соопшти дека денеска од почетокот на годината обработи два милиона барања од патници на кои им вратила 1,1 милијарда евра по основ нереализирани патувања.

Во овој момент околу 700 агенти за продажба се занимаваат со овој проблем предизвикан од пандемијата, а задача им е да одобрат враќање на парите или давање вредносен ваучер, во зависност од желбата на патниците.

Air France нуди и бесплатна промена на резервации, што значи дека ако патниците сакаат да го откажат патувањето, нивните билети ќе може да се променат без дополнителни трошоци и било какви докази, а може да се менува и датумот и дестинацијата по избор.

Францускиот авиопревозник нуди и вредносни ваучери, коишто подоцна може да се заменат за пари, доколку не се искористат. Овие мерки се однесуваат за сите патувања до 31-ви март 2021 година.

Во случај авиокомпанијата да го откаже нивниот лет, патниците на располагање ги имаат истите опции.

Фото: Facebook