
Фото: Pexels
Договорот на Air New Zealand и Virgin Australia со којшто заеднички го координираа распоредот на летовите и цените, на авиокомпаниите им завршува во октомври. Со тоа од некогашни партнери, авиопревозниците ќе станат конкуренти.
Следен чекор ќе биде одвоено функционирање со различни стратегии за секторот Австралија – Нов Зеланд, каде што авиокомпаниите нудат превоз за повеќе од 10 милиони патници годишно, пренесува Reuters.
Откако веста за прекин на партнерството беше соопштена акциите на Air New Zealand се зголемија за 4%, додека акциите на Virgin Australia паднаа за исто толку.
Air New Zealand некогаш беше најголемиот акционер во Virgin Australia, но продаде 20% од акциите на кинескиот конгломерат Nanshan Group во 2016 година.