Air New Zealand воведува паметни нараквици за деца кои патуваат сами

52

air band

Авиокомпанијата Air New Zealand воведува паметни нараквици (Airband) за деца кои патуваат сами, пишува Stuff.co.nz.

Децата кои сами патуваат со оваа авиокомпанија ќе можат да добијат нараквица преку којашто нивните родители ќе го следат летот.

Во паметната нараквица има вграден чип што ги скенира етапите на патувањето, по што испраќа текстуални пораки до пет контакти. Оваа нараквица го следи движењето на детето од моментот кога ќе се качи на авион, кога ќе слета и сè додека не биде предадено на назначено лице.

Од новозеландската компанија велат дека со овие паметни нараквици ќе го намалат стресот на родителите кои мора да ги пуштаат нивните деца сами да патуваат.