Air Serbia до градовите во регионот и назад за 95 евра

58

air serbia

Српската национална авиокомпанија Air Serbia денеска нуди специјални промотивни цени за повратни летови од Белград кон Будимпешта, Дубровник, Пула, Сплит, Сараево и Скопје по промотивни цени кои почнуваат од 95 евра.

Продолжувајќи ја кампањата Среќен петок, Air Serbia соопшти дека авиобилетите по овие промотивни цени ќе бидат на располагање само денес, петок 13 јуни, и ќе важат за патувања почнувајќи од 14 јуни до 25 октомври, исклучувајќи го периодот од 15 јули до 15 август, пренесуваат српските медиуми.

Air Serbia лета на преку 38 дестинации во Европа и Блискиот исток. Нуди и прекуокеански летови до Азија, Австралија и Јужна и Северна Америка во соработка со код шер партнери и со Etihad airways, кој е акционер со 49% сопственички удел.