Air Serbia и Montenegro Airlines склучија договор за код-шер соработка

8

montenegro-580x320

Црногорскиот национален авиопревозник Montenegro Airlines (MA) и српската авиокомпанија Air Serbia, склучија договор за код-шер (code share) соработка, која што ќе им овозможи на патниците подобра поврзаност меѓу Европа, Блискиот Исток и Северна Америка, јавува РТЦГ.

Според договорот, MA ќе оствари пристап до мрежата линии на Air Serbia придружувајќи ја својата ознака YM на летовите на Air Serbia меѓу Белград и 32 дестинации. На тој начин на патниците на МА ќе им се пружи можност преку Белград да патуваат до значајни центри, меѓу кои е и Скопје.