Air Serbia ја укинува таксата за услугата издавање билети

12

air serbiaАвиокомпанијата Air Serbia вчера соопшти дека ја укинува таксата на услугата издавање билети во висина од 10 евра за сите билети купени преку интернет страната www.airserbia.com.

“Како составен дел од континуираната посветеност на унапредување на производите и услугите што Air Serbia ги нуди на своите веќе постоечки и идни гости, фокусот ќе биде и на онлајн понудата која веќе е поатрактивна со укинување на таксата на услугата издавање билет во висина од 10 евра”, стои во соопштението од авиокомпанијата, пренесува Танјуг.

Air Serbia почна да работи како национален авиопревозник на Република Србија на 26 октомври 2013 година.