Air Serbia објави меѓународен оглас, ќе вработува 50 пилоти

27

air serbia

На меѓународниот оглас на српскиот национален авиопревозник Air Serbia за вработување на пилоти се пријавиле преку 700 кандидати, а планот е да се вработат 50.

“Ова е прв меѓународен оглас за вработување на пилоти кој некогаш е објавен кај нас, затоа што никогаш до сега немало потреба да бараме пилоти надвор од Србија. Потребата за поголем број пилоти се јави многу порано од што очекувавме. На огласот се јавија преку 700 кандидати”, изјави генералниот директор на компанијата Дане Кондиќ, стои на интернет страната на компанијата.

Процесот на вработување започна вчера и ќе се одвива во две фази на проверка на знаењето и способностите. Во првата фаза ќе се проценува знаењето, познавањето на јазикот, подготвеноста за тимска работа, а втората фаза е тест на симулатор.