Air Serbia од 5 јуни ќе лета за Охрид

Српската авиокомпанија Ер Србија денеска објави дека ќе лета до 22 нови дестинации во текот на летната сезона во 2023 година.

„Од 4 јуни следната година националната авиокомпанија ќе почне да лета за Краков, а само ден подоцна, на 5 јуни, за Охрид и Варна. Авио билетите за овие нови дестинации се веќе пуштени во продажба. Билетите за Охрид се достапни по цена почнувајќи од 49 евра, до Варна од 59 евра и до Краков од 69 евра во еден правец во економска класа. „Ер Србија ќе лета до нови дестинации во Полска, Бугарија и Северна Македонија четири пати неделно“, се вели во соопштението.