Air Serbia од следната година воведува директни летови за Њујорк

3

air-serbia

Српската национална авиокомпанија Air Serbia, од јуни 2016 година ќе воспостави летови до Њујорк и тоа пет пати неделно, најави генералниот директор Дане Кондиќ по повод две години од работење на компанијата, пишува еКапија.

“Од јуни 2016 година ќе воспоставиме прва долга линија за Њујорк, за што ќе биде набавен Airbus A330-200”, вели Кондиќ.

Ова ќе биде прва директна линија меѓу Србија и САД по 24 години.