Air Serbia почна со тестирање на интернет во авионите

33

air serbia

Авиокомпанијата Air Serbia вчера ја почна седумдневната фаза на јавно тестирање на новата услуга Air Serbia Wi-Fly, која овозможува пристап до интернет и употреба на мобилен телефон на лет. Се очекува услугата на целата флота да биде овозможена до крајот на првиот квартал на 2016 година, пишува еКапија.

Патниците на летовите подолги од еден час и дваесет минути ќе добијат бесплатен ваучер за 30 минути или 20 MB интернет пристап и ќе можат да пружат повратна информација за своето искуство. По тест фазата, следува фазата на имплементација на целата флота.

“Пред целосната имплементација на нашиот систем за пристап до интернет и услуги за мобилна телефонија Air Serbia Wi-Fly, на овој начин стануваме прва авиокомпанија во регионот и една од малкуте во Европа што нудат ваква услуга”, вели генералниот директор на српската авиокомпанија, Дане Кондиќ.

Цените на услугите пристап до интернет ќе се движат од 4,90 евра за 30 минути (лимит 20 MB), 8,90 евра за 60 минути (лимит 50 MB) и 13,90 евра за пристап во текот на целиот лет (лимит 90 MB).