Air Serbia прогласена за лидер на пазарот на авиокомпании

23

air

Air Transport World (ATW), глобалниот медиум што ги следи случувањата во авиокомпаниите ширум светот и комерцијалниот авио транспорт, ја прогласи Air Serbia за лидер на пазарот на авиокомпании (Airline Market Leader), за 2017 година.

Овогодинешни добитници на ATW наградите се: мексиканската нискобуџетна авиокомпанија Volaris за вредносна компанија (Value Airline), United Airlines за еко авиопревозник (Eco – Airline), Air Serbia за лидер на пазарот на авиокомпании (Airline Market Lider), Singapore Airlines за корисничко искуство во авионот (Onboard Experience), AltAir за еколошка компанија (Eco Company), Pittsburgh International Airport за аеродром на годината (Airport of the year) и NAVBLUE за авијациска технологија (Aviation technology).

Уредничкиот тим ма ATW, како што се наведува, го одбра српскиот авиопревозник за победник во својата категорија поради исклучителниот напредок во последните три години, којшто кулминираше во јуни 2016 година кога воспостави директни летови за Њујорк. Со тоа, Air Serbia стана единствената авиокомпанија во југоисточна Европа што нуди трансатлантски летови за САД.

“Приказната за Air Serbia е многу впечатлива, особено од минатогодишното започнување на директни летови за Њујорк, оживување на стари воздушни врски и давање нов живот на пазарот што е изгубен повеќе од две децении“, вели Карен Вокер, главна уредничка на ATW.

Српската авиокомпанија е позната по своите иновативни производи и услуги и добри деловни стратегии што придонесоа да се разликува од конкуренцијата во југоисточна Европа, додека во исто време ја проширува својата мрежа, ги зголемува приходи, базата на клиенти и препознатливоста на брендот.

Генералниот директор на Air Serbia, Дане Кондиќ, вели дека летовите за САД беа една од главните цели на компанијата, а оваа награда претставува признание за посветеноста и упорноста на луѓето во Air Serbia.

Наградите на ATW за авиокомпании се воспоставени во 1974 година, а Air Serbia ќе ја подигне наградата на гала вечер што ќе биде одржана на 28 март во Њујорк.