Air Serbia со нови правила за пријавување на патниците пред полетување

46

air serbia

Српскиот национален авиопревозник Air Serbia од вчера воведе нови насоки за пријава и качување на лет на патниците, кои ќе овозможат точност при полетувањето и слетувањето на авионите. Од вчера, пријавувањето на патници почнува најмалку два часа пред времето одредено за полетување. Пријавувањето на лет ќе се затвора 45 минути пред закажаното полетување, додека влезот за качување на летот ќе се затвора 20 минути пред закажаното полетување, стои на интернет страната на авиокомпанијата.

“Со оглед на тоа дека Air Serbia ја презема позицијата на водечка авиокомпанија во регионот, овозможувањето нашите гости да стигнат на своите дестинации на време останува наш приоритет”, вели генералниот директор на компанијата, Дане Кондиќ.

Овие информации ќе бидат испечатени и на авиобилетите. Air Serbia ги повика патниците да доаѓаат доволно рано на аеродром, за да можат да ја завршат пријавата за летот на време.