Air Serbia воведува нови менија инспирирани од модерната интернационална кујна

21

air serbia meni

Српската национална авиокомпанија Air Serbia воведува нови менија инспирирани од модерната интернационална кујна.

Менијата, за коишто е задолжен главниот готвач на Air Serbia кетеринг Зоран Мишковиќ, опфаќаат нови предјадења, главни јадења и десерти.

Новите a la cart оброци ќе може да се порачаат во бизнис класата на летот од и до Њујорк. Гостите во економската класа, како што се наведува, може да очекуваат збогатен избор на храна, којашто ја подготвува тим од готвачи кои користат квалитетни состојки набавени од српски производители.

“Многу ми е драго што воведуваме ново мени на летовите на Air Serbia, коишто се внимателно подготвени за да можат да ги претстават вкусовите на модерната интернационална кујна и да одговорат на желбите на нашите гости“, вели Дане Кондиќ, генерален директор на Air Serbia.