Фото: Pixabay
Интернет страницата за изнајмување, Airbnb, инвестира во хотелска компанија од Индија, којашто планираат да прерасне во една од најголемите во светот во следните неколку години, пишува CNN.
Станува збор за компанијата OYO, што претставува една од највредните старт – ап компании во Индија.
Airbnb и OYO не ја откриваат големината на инвестицијата, но медиумите шпекулираат на износ од околу 200 милиони долари. Вредноста на OYO во 2018 година достигна пет милијарди долари.
“Пазарите како што се Индија и Кина се меѓу најбрзо растечките, со што нашиот раст се движи кон овие пазари. На многу од овие пазари, OYO им овозможува на локалните претприемачи да обезбедат повеќе опции за повеќе патници“, изјави Грег Грели, претседател на Homes at Airbnb.
OYO, којшто пред пет години започна како платформа за сместување на хотели во Индија, сега има околу 460.00 соби за сместување во осум земји, вклучувајќи ги Кина, Малезија, Индонезија и Обединетото Кралство.