Airbnb ја претстави првата подводна спална соба

27

thumb_675_300_1459304424446

Airbnb сервисот што нуди изнајмувања на соби на необични места во светот, ја претстави и својата прва подводна спална соба, пишува Independent. Истата е лоцирана во резервоарот за ајкули што се наоѓа во Аквариумот во Париз, Франција.

Заинтересираните гости треба да бидат брзи со оглед на тоа дека станува збор за еден вид на натпревар, којшто трае до трети април, каде пријавувањето е единствено преку официјалната страна на сервисот. Подводната спална соба ќе биде достапна само две ноќи од 11-ти до 13-ти април.

Победниците ќе добијат единствено животно искуство да бидат опкружени со 3 милиони литри вода и 35 ајкули. Сепак треба да ги почитуваат правилата на Airbnb како што е забрана за правење селфи навечер, забрана за носење други животни со цел да не се привлекува вниманието на ајкулите.

UntitledUntitled