Airbnb ќе врши детална проверка на секое сместување понудено на платформата

23

Airbnb детално ќе ги проверува сите понудени места за сместување на платформата, откако беа откриени серија измами, пишува BBC.

Компанијата изјави дека до декември следната година ќе ја комплетира проверката на секое огласено сместување и вети дека ќе ги рефундира измамените корисници.

Ова е прв пат од своето постоење од 2008 година Airbnb да вети дека ќе направи детална анализа на понудените места.

Измамените гости велат дека најчесто добивале повик во “5 до 12“ со којшто им било кажано дека имотот не е достапен, поради “итен случај“ или двојно букирање.

Потоа тие биле сместувани на друго место, во сосема друга околина каде што ги немало претходно побараните услови.

Токму поради низата поплаки компанијата се обврзa дека меѓу другото ќе воспостави и телефонска линија преку којашто секој ќе може да ги побара во било кое време доколку има некој проблем.

Фото: Facebook