Airbnb оствари рекорден профит

38

Дигиталната платформа за резервации за сместување Airbnb објави дека го затворила четвртиот квартал од 2022 година со најголем приход и профит од своето основање, благодарение на континуираната силна побарувачка по олеснувањето на ограничувањата за коронавирусот.

Во периодот од октомври до декември приходите на „Airbnb“ се зголемени за 24 отсто, на 1,9 милијарди долари, се наведува во вчера објавениот деловен извештај. Во цела 2022 година е зголемен за 40 отсто, на 8,4 милијарди долари. Минатата година компанијата за прв пат работеше со нето добивка од 1,9 милијарди долари. Една година претходно затвори со нето загуба од 352 милиони долари.

На крајот на минатата година на оваа платформа имаше 6,6 милиони активни огласи за недвижен имот за изнајмување, речиси милион повеќе отколку на почетокот на годината кога Кина е исклучена. На крајот на минатата година, „Airbnb“ забележа и 40 отсто повеќе бруто резервации за сместување за повеќе од седум дена отколку на крајот на претпандемиската 2019 година, покажува деловниот извештај.

Фото: Pixabay