Airbus го претстави своето електрично летечко такси (ВИДЕО)

29

Airbus оваа недела ја одржува својата прва конференција за иднината на авијацијата, Airbus Summit. Се зборува за транзиција на индустријата кон еколошки решенија, воведување нови видови на гориво, електрични погони, авиони од сосема нова генерација и слично, а една од најавите е развојот на новата генерација eVTOL воздушно такси CityAirbus. Овој авион е дизајниран како летечко такси со можност за превоз до четири лица, целосно електричен, и треба да ја најде својата примена во урбани средини и за разни слични цели.

„Airbus“ посочува дека досега има извршено речиси 250 летови на своите демо единици eVTOL, за време на кои тие поминале околу 1.000 километри. Со тестови во воздушни тунели и компјутерски симулации, ова беше доволно за да се развие овој концепт, CityAirbus NextGen, кој е официјално втората генерација на нивниот патнички електричен дрон. Моментално е во тек последната фаза на дизајн на завршни детали, а првиот лет на прототипот се очекува во 2023 година.

CityAirbus ќе има способност да лета со брзина од 120 километри на час, а досегот со едно полнење на батеријата ќе биде околу 80 километри. За да се прилагодат на урбаната средина, инженерите посветија посебно внимание на намалувањето на нивото на бучава, кое ќе биде под 65 dB во лет и под 70 dB при слетување. Ова ќе овозможи посебен дизајн на роторот, од кои има осум, потоа фиксни крила и опашка во форма на V, кои формираат уникатна геометрија и распоред на погонски единици на авионот.

„Airbus“ е убеден дека вистинските предизвици се интеграција во урбани средини, прифаќање од јавноста, како и во областа на автоматизација на управувањето со сообраќајот, како и во областа на технологијата на возилата и бизнис моделите. Работиме во сите овие области за да испорачаме безбедни, одржливи и целосно интегрирани услуги“, рече извршниот директор на„ „Airbus Helicopters“, Бруно Евен.