Airbus и Emirates потпишаа договор за испорака на 20 патнички авиони

29

aircraft-jet-landing-cloud-46148

Фото: Pixabay

Emirates потврди дека порачал 20 примероци од најголемиот светски патнички авион Airbus А380. Договорот вреден 16 милијарди долари не само што ќе ја зголеми флотата на авиокомпанијата, туку ќе отвори и нови работни места во целиот свет, пренесува Aero Time.

Досега, Airbus A380 се докажал како успешен авион за патниците и токму затоа раководството на авио гигантот се мотивирало да набави уште авиони од овој тип. Со новата набавка, флотата на Emirates би се зголемила на 178 авиони А380. Со оглед на овие бројки, превозникот од Заливот останува најголемиот оператор на Airbus А380 во светот.

Airbus A380 е најдолгиот комерцијален авион во светот. Може да смести 575 патници во четири класи и да лета 15 илјади километри без прекин.