Европскиот авио концерн, Airbus најави голема реорганизација на производството на авиони во Германија и Франција, издвојувајќи го производството на делови за трупот како основен дел од работата на групацијата.
Реорганизацијата ќе вклучува и основање на нови компании во Германија и Франција во целосна сопственост на Airbus поради оптимизирање на процесите на производство и креирање нова индустриска структура.
Реорганизацијата започнува на почетокот на следната година, а Airbus го претставил својот план пред социјалните партнери.
Фото: Pexels