Airbus планира да отпушти најмалку 15.000 работници

Директорот на Airbus, Мајкл Шелхорн изјави дека европскиот производител на авиони планира да отпушти најмалку 15.000 вработени.

“Планираме да укинеме 15.000 работни места и тоа минимално“, рече Шелхорн.

Тој вели дека изгледите за авионската индустрија повторно се влошиле поради ширење на инфекцијата со коронавирусот и обновените ограничувања на патување во многу земји.

“Ситуацијата на почетокот на есента е полоша од проценката на компанијата ова лето“, рече Шелхорн за германскиот весник Handelsblatt.
Фото: Pixabay