Airbus презема мнозински удел во C -Series проектот на Bombardier

7

avion

Фото: Airbus

Европската авиокомпанија Airbus ќе преземе мнозински удел во проектот C – Series на Bombardier.

Bombardier се соочува со низа проблеми, а неодамна имаше трговски спор со САД откако земјата воведе увозен данок од 300%, пишува BBC.

Директорот на Bombardier за Северна Ирска, Мајкл Рајан изјави дека овој договор е одлична вест за Белфаст. Околу 1.000 работници работат на проектот  C – Series во фабриката во Белфаст каде се изработуваат крила за авионите.

Извршните директори на Airbus и Bombardier велат дека договорот со кој Airbus ќе купи 50,1 % удел во компанијата ќе помогне во зголемувањето на продажбата. Договорот исто така му дава право на Airbus да купи целосна контрола над проектот C-Series во 2023 година.