Европската авиогрупација, Airbus минатата година ја заврши со загуба и пад на приходите, а како причина за тоа се наведува намалената побарувачка за нови авиони во време на пандемија.
Приходите на Airbus минатата година се намалија за 29% на 49,9 милијарди евра.
Компанијата ја заклучи 2020 година со консолидирана загуба пред оданочување и камата од 510 милиони евра. Кога ќе се исклучат трошоците за реструктуирање и затворање на програмата А380, има консолидирана добивка пред камата и данок од 1,7 милијарди евра.
Трошоците на компанијата достигнаа 6,9 милијарди евра, одразувајќи го влијанието на пандемијата и казната од 3,6 милијарди евра што компанијата ја даде минатата година поради мито.
Во 2021 година, компанијата очекува прилагодена оперативна добивка од две милијарди евра.
Фото: Pexels