Airport Jacket, палто што собира 15 килограми багаж

22

palto2

Ендру Бенке и Клер Марфи, сопственици на австралиска маркетинг компанија, дизајнираа палто што собира 15 килограми багаж. Авиокомпаниите имаат ограничување кога станува збор за тежината на багажот и тој се наплатува ако ја надмине дозволената тежина. Airport Jacket е палто со 14 длабоки џебови што ќе им помогне на патниците што патуваат со авион да понесат 15 килограми багаж без да доплатат, пишува Telegraph. Ова палто може да  собере до 16 предмети (два пара чевли, 13 инчен лаптоп, таблет, мобилен телефон, камера, полначи… )

Палтото може да се носи на три начина: како палто со осум џебови (кратко), со 11 џебови (средно) и 14 џебови (долго). Ако се носи во најдолгата варијанта со 14 џебови во палтото може да се стават еден пар фармерки, два пара панталони, три маици, козметички несесер, паричник, пасош.

Airport Jacket е поставена на платформата за групно финансирање Kickstarter.