Ајфеловата кула ќе ги гасне своите рефлектори за да заштеди пари

77

Осветлувањето на познатата Ајфелова кула во Париз најверојатно ќе се исклучи порано од вообичаено, за да се заштеди енергија, а зад овој предлог стои градоначалничката на француската престолнина Ан Идалго.

Како што пренесува магазинот „Журнал ди диманш“, оваа недела градоначалникот на градските власти ќе им претстави план со кој ќе се намали потрошувачката на електрична енергија поради енергетската криза во Европа.

Светлата околу кулата ќе бидат исклучени околу 23:45 часот, а има повеќе од 300 проектори кои ја осветлуваат главната туристичка атракција на градот.Во текстот се додава дека доколку предлогот биде усвоен, потегот ќе биде посимболичен.