AK47 – столица направена од калашникови

30

luksuz-dizajn-namestaj-kalasnjikov-99Концептуалниот уметник Рение Вебер креираше иновативно парче мебел. Станува збор AK47 – столица изработена од калашникови, целосно расклопени, па составени во една целина, пишува Extravaganzi.

Сите делови се обложени пред повторното составување. Потпирачите за раце и грб се изработени во фирмата Bakhauzen во Виена, а потоа рачно се составувани во познатата компанија Luigi Bevilacqua во Венеција.

Држачите се обоени во црна боја, додека останатите дрвени делови се боени со специјален лак. Појасот со шаржери содржи оригинални AK47 шаржери.

Оригиналниот руски челичен шлем, обложен со кожа во внатрешноста е дополнителен додаток што го добива купувачот на столицата.

Вебер вели дека инспирацијата за уникатното парче мебел ја добил од книгата за Михаил Калашников, творецот на ова оружје.

luksuz-dizajn-namestaj-kalasnjikov (2)