Академик Владо Камбовски уште четири години ќе биде независен член на НО на ТТК Банка

ТТК Банка АД Скопје преку Македонска берза известува дека со Решение на Гувернерката на Народна банка на Република Северна Македонија бр.15-24552/8 од 15.08.2024 година, издадена е претходна согласност за повторно именување на академик Владо Камбовски за независен член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, со нов мандат од 4 (четири) години сметано од 19 септември 2024 година.