Акциите на Адидас тонат поради лошите прогнози

69

Производителот на спортска опрема Адидас повторно ја намали проценката за овогодинешниот оперативен профит поради послабата глобална побарувачка и повисоките трошоци за суровини.

Добивката затоа би требало да изнесува само 500 милиони евра, третина помалку од лани. Претходната проценка беше дури 1,3 милијарди евра.

Акциите затоа потонаа за 9% во петокот, откако веќе изгубија 60% од својата вредност од почетокот на оваа година.