
Акциите на американските берзи вчера пораснаа како одговор на навестувањата дека царинската војна меѓу САД и Кина наскоро би можела да стивне, како и поради тоа што американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не планира да го смени претседателот на Банката на федерални резерви Џером Пауел.
Така, по отворањето на берзата, индексот Dow Jones порасна за 2,3 отсто, S&P 500 за 2,8 отсто, додека Nasdaq беше уште посилен за 3,8 отсто, објави CNBC.
Зајакнаа акциите на компаниите кои се повеќе фокусирани на трговијата со Кина, вклучувајќи ги технолошките гиганти Apple и Nvidia, чија пазарна вредност се зголеми за 3,0 и 5,0 отсто.