Акциите на „Беркшир Хатавеј“ паднаа откако Ворен Бафет објави дека се пензионира

Акциите на американскиот холдинг конгломерат „Беркшир Хатавеј“ денес паднаа за 2,8 проценти откако познатиот инвеститор Ворен Бафет изјави дека ќе се повлече од функцијата извршен директор на крајот на 2025 година по 60 години и ќе му ја предаде позицијата на потпретседателот Грег Абел.

Ворен Бафет, кој има 94 години, изјави дека нема планови да продаде акции од „Беркшир Хатавеј“ и најави дека сè уште ќе биде присутен во конгломератот, но додаде дека „последниот збор ќе го има Грег“.

Со оваа одлука завршува ерата на „Беркшир Хатавеј“ по извонредните успеси на Бафет што му донесоа големо богатство и слава, објавува „Ројтерс“.