
Акциите на Ферари паднаа за 16,1 процент на берзата во Милано денес, откако италијанскиот производител на луксузни автомобили презентираше ажурирана прогноза за оваа година и 2030 година.
Инвеститорите беа разочарани од конзервативните цели што компанијата ги презентираше на својот Ден на инвеститорите, иако очекуваниот нето приход за оваа година беше зголемен од претходните седум милијарди евра на најмалку 7,1 милијарди евра.
За 2030 година, Ферари предвидува приходи од околу девет милијарди евра и EBITDA од најмалку 3,6 милијарди евра, што подразбира годишен раст од шест проценти, значително помалку од претходно предвидените 10 проценти, објавува CNBC.












