Најк ја повлече годишната прогноза за приходи, токму во моментот кога нов извршен директор треба да ја преземе компанијата за спортска облека. Сезоната на празници, иако исполнета со попусти, веројатно би можела да биде слаба, оценуваат од компанијата.
Објавата ги намали акциите на Nike за 6 отсто, иако тие паднаа за 18 отсто од почетокот на годината, главно поради кварталните податоци за продажбата кои ги пропуштија, но ги надминаа проценките на Волcтрит.
„Падот на прометот во продавниците и веб-страниците во сопственост на Nike беше поизразен од очекуваното, што доведе до заостанати залихи“, рече финансискиот директор на Nike, Метју Френд.
Френд исто така рече, според Ројтерс, дека продажбата паднала и покрај повисоките промоции во продавниците во сопственост на неговите партнери за трговија на големо и мало.
Минатиот месец компанијата најави и враќање на Елиот Хил на позицијата извршен директор, што придонесе за десет отсто поврат на берзата.