Кога на средината на март пандемијата од Ковид-19 “зароби“ милиони луѓе дома апликацијата за видео состаноци Zoom изби во прв план.
Zoom забележа скок на приходите и повеќе од двојно зголемена заработка во второто тримесечје. Проценките говорат дека тоа е поради корона-кризата што ја зголемила побарувачката за овој вид услуга.
Приходите на компанијата се зголемени за 355% на 663,5 милиони американски долари.
Акциите на Zoom вчера достигнаа рекордно високо ниво, затворајќи го тргувањето на 325,10 американски долари. Претходно оттаму предвидуваа годишни приходи од 1,78 до 1,80 милијарди долари, па тој параметар скокна до распонот 2,37 – 2,39 милијарди долари.
Оваа компанија не заработува од оние кои услугата ја користат бесплатно, туку од големите компании со добри буџети.
Фото: Facebook