Акција месо – истрага против Лијановиќи во БиХ

32

LijanovicПолицијата во Босна и Херцеговина почна да собира докази во истрагата во чиј центар е компанијата Лијановиќи од Широки Бријег, потврдено е од Државната агенција за истрага и заштита на БиХ (СИПА).

Портпаролот на агенцијата Кристина Јозиќ потврди дека во рамките на истрагата е претресена канцеларијата на Јерко Иванковиќ Лијановиќ, кој воедно е заменик премиер и министер за земјоделие на Федерацијата БиХ. Неговиот брат Младен е пратеник во парламентот.

Претресот е извршен во рамките на акцијата Месо, а под истрага се повеќе лица. Акцијата месо се темели на претходно подготвени и проследени извештаи од страна на Јавното обвинителство на БиХ за постоење основано сомневање дека повеќе правни лица и со нив поврзани физички лица го оштетиле буџетот на БиХ за неколку десетици милиони конвертибилни марки, на начин на кој е избегнато плаќање на данок при увоз, обработка и продажба на месо во Босна и Херцеговина.

Против браќата Лијановиќ неодамна кривична пријава до Обвинителството поднесе и Управата на Хипо банка поради измама при добивање кредит во износ од 32 милиони евра.