Акција “месо” во БиХ: Уапсени 11 лица, меѓу нив и сопствениците на фирмата Лијановиќи

11

lijanovic

Пратеникот во парламентот на БиХ Младен Иванковиќ Лијановиќ, неговиот брат Јерко Иванковиќ Лијановиќ, министерот за трговија на ФБиХ Милорад Бахиљ и уште осум лица се уапсени вчера поради организиран криминал, со кој буџетот на БиХ е оштетен за најмалку 5,93 милиони евра, пишува Независне новине.

Уапсените се осомничени за неплаќање данок, даночно затајување или измама, како и за перење на пари. Уште три лица само се сослушани. Покрај Младен и Јерко, уапсени се и нивните браќа Славо и Јозо Иванковиќ Лијановиќ, косопственици на фамилијарната фирма за преработка на месо Лијановиќи.

Полицијата во БиХ веќе подолго време собираше докази во истрагата во чиј центар е компанијата Лијановиќи. Акцијата “месо” се темели на претходно подготвени и проследени извештаи од страна на Јавното обвинителство на БиХ за постоење основано сомневање дека повеќе правни лица и со нив поврзани физички лица го оштетиле буџетот на БиХ за неколку десетици милиони конвертибилни марки, на начин на кој е избегнато плаќање на данок при увоз, обработка и продажба на месо во БиХ.