Тројца од 20 топ инвеститори во Microsoft лобираат во бордот да се притисне Бил Гејтс да отстапи од претседателската функција во компанијата што ја основа пред 38 години, дознава Ројтерс.
Од Microsoft одбиле да коментираат, но, како што наведува Ројтерс, засега нема назнаки дека управниот одбор на компанијата ќе ги земе во предвид желбите на тројцата инвеститори.
Инвеститорите се загрижени дека претседателската улога на Гејтс како челник на управниот одбор ја блокира адаптацијата на нови стратегии и дека ќе го ограничи новиот генерален директор да направи значителни промени. Еден од изворите за Ројтерс изјавил дека инвеститорите веруваат дека Гејтс е попродуктивен како генерален директор отколку како претседател на управниот одбор. Тие воедно се загрижени дека Гејтс, кој најголем дел од времето го посветува на својата филантропска фондација, има преголема моќ во однос на акциите што ги поседува.
Тројцата инвеститори заедно имаат нешто повеќе од 5% акции, додека Гејтс поседува 4,5% и е најголем индивидуален акционер.