Акционерското друштво Мода од Свети Николе со загуба од 26 милиони денари

54

ad moda

Акционерското друштво за производство на конфекциски производи Мода од Свети Николе прикажа вкупна сеопфатна загуба од 26.137.000 денари во првото полугодие од 2015 година, покажува неконсолидираниот биланс на успех.

Истиот период лани компанијата работеше со позитивен финансиски резултат од 26.139.000 денари.

Загубата, како што се наведува во Образложението, е поради намалениот обем на работа во овој период и предвременото целосно искористување на годишниот одмор за 2015 година, но и поради падот на цените на услугите на странскиот пазар.

Вкупните приходи од продажба на компанија, во првите шест месеци од оваа година, се на ниво од 90.686.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 11.289.000 денари, додека поголемиот дел од 79.397.000 денари отпаѓа на странски пазари.