Акику: Пристап до интернет со задоволителна брзина и во најодалечените подрачја

75

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) усвои зголемување на брзината на интернет од сегашните 2 Mbps на 12 Mbps за секој краен корисник кој е дел од универзалната услуга. Ова значи пристап до интернет со задоволителна брзина и во најоддалечените рурални подрачја на државата каде што сите граѓани, вклучително и учениците, ќе добијат стабилен интернет пристап и останати телефонски услуги, вели во интервју за МИА директорот на АЕК, Јетон Акику.

Тој најавува деја АЕК наскоро ќе го распише тендерот за 5Г, а операторите кои ќе ги добијат потребните одобренија ќе треба практично да започнат со изградба на нова мрежа, при што поставувањето на базните станици за 5G постојано ќе се зголемува. Тоа ќе повлече и зголемување на инвестициите и во развојот на кабелската инфраструктура, најмногу на технологијата со оптика.

“Во моментов во АЕК се нотифицирани над 70 компании кои обезбедуваат електронски комуникациски мрежи/услуги. Во делот на мобилна телефонија, од спроведената Намера, за која јавната расправа заврши на 05/07/2021, јасно може да се констатира дека има интерес за влез на нови оператори на пазарот за електронски комуникации во Македонија“, вели директорот на АЕК.

Акику информира дека до АЕК пристигнуваат приговори најмногу во делот на висина на сметката, квалитетот на услугата и во делот на услуги за телевизија.

Фото: Pixabay