“Ако бродот тоне“, оваа стратегија може да помогне компаниите да излезат од криза

126

Секој што води компанија знае колку неизвесноста може да биде предизвикувачка. За жал, како што се шири пандемијата на коронавирус, неизвесноста стана нова реалност. Никој не знае со сигурност што носи иднината, што е уште една причина да се биде секогаш подготвен за сè.

Познат претприемач и експерт за стартапи, Стив Бланк, советува дека секогаш треба да имате подготвена стратегија за спасување на брод. Вашата компанија може да ја користи оваа стратегија ако, вашиот брод почне да тоне.

Еве како да ја креирате:

Ставете ги месечните трошоци на хартија, односно сумата што вашата компанија ја троши секој месец. Ова вклучува фиксни трошоци (изнајмување простор, комунални услуги), како и варијабилни трошоци (деловно патување, провизии ..). Важно е да знаете дека ако имате јасен преглед на месечните трошоци на вашата компанија, ќе можете полесно да управувате со вашиот проток на пари.

Потоа, идентификувајте ги клучните елементи. Запрашајте се кои сегменти од работењето претставуваат минимум на кои компанијата може да работи непречено. Тие се како основна опрема на бродот.

На самиот крај, проценете ја штетата. Создадете можно сценарио како пандемијата би можела да влијае на вашиот бизнис на краток, среден и долг рок.

На краток рок, можете да ги намалите или целосно да ги елиминирате варијабилните трошоци. Среднорочните и долгорочните планови бараат малку посложен пристап. Може да се обидете да преговарате за ревидираната плата, намалување на киријата и одредени измени на други договори.

Потоа, погледнете како работи вашиот нов деловен модел. Прашајте се, дали е продуктивен и ги исполнува барањата на пазарот како порано. Ако не, што е тоа што треба да ја промените за да ги постигнете посакуваните цели. И запомнете: користете ја “стратегијата за спасување на брод“ како последна опција, откако ќе ги исцрпите сите други опции.

Фото: Pixabay