Ако Федералните резерви на САД наскоро не почнат да ги намалуваат каматните стапки, американските потрошувачи би можеле да се обесхрабрат, изјави извршниот директор на Банката на Америка, Брајан Мојнахан.
Кон крајот на јули, ФЕД ги задржа каматните стапки во опсег од 5,25 отсто до 5,50 отсто, на ниво на кое беа повеќе од една година, но навести дека намалувањето на стапката може да дојде веќе во септември доколку инфлацијата продолжи да опаѓа. Ројтерс.
„Тие им кажаа на луѓето дека веројатно нема да ги зголемат стапките, но ако не почнат да ги намалуваат наскоро, би можеле да го обесхрабрат американскиот потрошувач“. „Кога американскиот потрошувач ќе почне да гледа на ситуацијата многу негативно, тешко е повторно да се мотивира“, рече Мојнахан во интервју за CBS.
На прашањето за изјавата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп дека претседателите треба да имаат влијание врз одлуките на ФЕД, Мојнахан рече дека луѓето се слободни да му даваат совети на претседателот на Федералните резерви Џером Пауел, а потоа негова работа е да одлучи што ќе прави.
„Ако ги погледнете економиите ширум светот и видите каде централните банки работат независно и слободно, тие имаат тенденција да работат подобро од оние што не работат“, рече директорот на БоА.