Ако ги имате овие карактеристики, тешко дека ќе добиете покачување на плата

263

Иако сте добар работник кој ги извршува дадените задачи, одлуката за вашето покачување на плата зависи од  вашето однесување на работа. Некои луѓе имаат среќа со тоа, дури и ако помалку работат, додека овие типови на личност ретко добиваат покачување.

Во идеалниот свет покачувањето би имало помалку врска со личноста на работникот, а повеќе врска со достигнувањето на работа, пишува Business Insider.

Озборувач

Иако оние кои добро комуницираат со другите често оставаат убав впечаток на своите претпоставени, ако своите паузи на работа ги користите за озборување со колегите, нема да бидете кандидат за унапредување или покачување на плата.

Негативец

Работниците кои постојано ги отфрлаат предлозите на своите колеги, кои секојдневно се жалат без да се обидат да ја подобрат својата состојба и кои ретко имаат убав збор за некого, честопати имаат лош рејтинг кај претпоставениот, што значи дека тие дури не мора да размислуваат за покачување.

Жртва

Ако сакате да бидете добар тимски играч, мора да знаете како да ја преземете одговорноста за вашите грешки и реално да ги видите вашите слабости. Ако се претставите како жртва, секогаш обвинувајќи ги другите, или постигнувате послаби резултати, ќе биде тешко да ја стекнете довербата од вашите колеги, а со нив и на вашиот претпоставен, кој одлучува за вашето покачување.

Избувлив

Избувнувањето не е прифатливо за никого на возраст над пет години, но некои вработени сметаат дека тоа не е несоодветно однесување. Тие го изразуваат својот гнев секогаш кога е можно, поради што страдаат невини колеги.

Сезнајко

Работодавците најчесто бараат сестрани работници кои сакаат да учат и шират знаење. Меѓутоа, ако постојано ги исправате колегите без да побараат помош или да инсистирате на вашите идеи и стратегии, истакнувајќи ги како подобри од другите и јасно велите дека сте најпаметен во собата, колегите и вашиот претпоставен нема да имаат добро мислење за вас, што ќе ве елиминира кога ќе дојде време за покачување или унапредување.

Фото: Pexels