Ако има нови рестриктивни мерки, ќе има дополнителна поддршка за најпогодените дејности

51

Доколку со нови рестритивни мерки има скратување на работата на некои дејности, тогаш сигурно дека ќе има дополнителна поддршка за нив. На овој начин постапувавме и во изминатиот период и така ќе продолжиме. Туристичко-угостителскиот сектор кој што е најпогоден од пандемијата доби и најголема поддршка преку владините мерки, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за Економски магазин на Алсат телевизија и најави дека наскоро ќе биде објавен огласот за ваучери за поддршка на домашниот  туризам.

“Ќе продолжи да се реализира мерката што се однесува до ваучерите за стимулирање на домашниот туризам имајќи предвид дека состојбата е непредвидлива што се однесува до туристичката сезона и повлекувањето на странските туристи. Јавните повици за оваа мерка се подготвени и ќе се објават некаде кон почетокот на месец април, но тоа нема да биде единствената помош за туристичкиот сектор. Значи, се реализира целата програма за развој на туризмот во рамките на секторот за туризам во Министерството за економија. Доколку се случи и оваа летна сезона да биде изгубена поради пандемијата, токму за овој сектор ќе има и дополнителна помош“ кажа министерот Бектеши во интервјуто за Економски магазин.

Министерот во интервјуто потенцираше дека во интерес на граѓаните и стопанството е што побрзо во Собранието да се донесат Законите  кои произлегуваат од Петтиот сет мерки кои што подолго време се блокирани од опозицијата.

“Би било добро да не се блокираат законите кои се во интерес на граѓаните, на вработените во приватниот сектор, но истовремено и на компаниите ако се земе предвид дека и минатата година ние ја завршивме со економски пад од 4,5 %, што беше речиси идентично со проекциите на Владата, а сите податоци и за месец јануари  и за месец февруари покажуваат дека се зголемени и приходите и во рамките на буџетот, но и економската активност е врз основа на предвидувањата. Јас би сакал да направам уште еднаш повик, токму заедно да ги усвоиме законите кои се во интерес на граѓаните“ повика Бектеши. Министерот потенцираше дека усвоениоте мерки се таргетирани и во консултација со сите комори и синдикати како приоритетна поддршка за време на овој период.

Во врска со барањето на угостителите за давање дозвола да се отворат рестораните за свадби со посебни протоколи, министерот уште еднаш потенцираше дека во овој период е најважно здравјето на граѓаните и дека Владата постапува по препраките на Комисијата за заразни болести.

“Минатата година речиси сите ресторани кои организираат свадби беа директно поддржни од Министерството за економија со посебни грантови со тоа што се едни од секторите кои со одлука на Владата и по предлог на Комисијата беа сосема затворени. Јас би сакал да ги повикам и истовремено да ги замолам за трпение, имајќи предвид дека приоритет над приоритетите за сите граѓани, за Владата, но истовремено и за економските субјекти и за соппствениците и менаџерите на свадбите, сигурно е здравјето на граѓаните. Не би било добро чувството да се прошират кластери во рамките на организирање на разни забави во моментот во кој зборуваме“ кажа Бектеши во интервјуто.

Според Бектеши и покрај кризата предизвикана од пандемијата, податоците покажуваат стабилизација на економијата. Буџетот е ликвиден, растат буџетските приходи, расте трговската размена, а очекувањата се дека ќе продолжи овој тренд и во текот на целата година.

Фото: Freepik