„Ако имамe корист од тоа, ќе продолжиме“- Индија не се откажува од руската нафта

63

Индија ќе продолжи да купува руска нафта бидејќи тоа е корисно за земјата, најави  министерот за надворешни работи Субрахмањам Џаишанкар по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Наша основна обврска е да обезбедиме индискиот потрошувач да има најдобар можен пристап до меѓународните пазари (нафта и гас) под најповолни услови. Во овој поглед, сметаме дека функционирањето на односите меѓу Индија и Русија ни носи придобивки. Така што, ако имамe корист од тоа, ќе продолжиме со тоа – изјави Џаишанкар.

Неговата изјава доаѓа еден месец пред одлуката на Соединетите Држави и нивните сојузници во Групата седум богати земји да преземат чекори за ограничување на цената на руската нафта за да ја спречат Русија да остварува профит од извозот на „црното злато“.

Индија стана вториот најголем купувач на нафта во Русија по Кина, а нејзините рафинерии купуваат по пониска цена руска нафта од која западните купувачи избегнуваа поради „руските специјални воени операции“ во Украина.