Ако летувате во Дубровник, само за една работа ви требаат 200 евра дневно

492

Сезоната на одмори започна, а цените се речиси насекаде повисоки од лани.

Сепак, сумата што треба да ја платите за само една ставка во Дубровник е особено изненадувачка.

Санитат ги објави цените за паркирање по зони во градот.

Тие варираат во зависност од месецот во кој го посетувате овој град, но во текот на летната сезона достигнуваат и до неверојатни 200 евра за еднодневен паркинг.

За паркирање на јавни паркиралишта се плаќа во 0-та зона секој ден од 0:00 до 24:00 часот, во 1-ва зона (деловна зона) секој ден од 06:00 до 22:00 часот, во 2-ра зона секој ден од 06:00 до 14:00 часот, во 3-та зона секој ден од 06:00 до 22:00 часот и во 4-та зона секој ден од 00:00 до 24:00 часот.

Цената на паркирање во јуни за еден час е 10 евра во 0-та зона, додека во 1-ва и 3-та зона е 1,30 евра, а во 2-ра зона 6,60 евра.

Дневната карта за паркирање е 199,10 евра во 0-та зона, додека во 2-та е нешто поевтина – 132,70 евра.

Во 3-та зона дневниот билет е 17,30 евра.

Цените на билетите се исти и во јули, август и септември.