Ако можете да одговорите со “да“ на барем едно прашање, вие сте успешен човек

518

Кога почнуваме да се споредуваме со другите, секогаш ни се чини дека тие се поуспешни и подобри од нас, дека имаат сè она што ние го немаме, а кон кое тежнееме. Го минимизираме сопствениот успех и достигнување. Сега, обидете се да се фокусирате на себе одговарајќи на следниве прашања. Ако можете да одговорите со “да“ на барем едно од нов тогаш сте поуспешни отколку што мислите.

Имам ли блиски пријатели?

Ако имате два или три блиски пријатели, може да бидете навистина среќни. Поточно, социјалната интеракција има поголемо влијание врз вашиот животен век отколку редовното вежбање.

Дали на работа сум опкружен со луѓе со кои сакам да работам?

Ако луѓето со кои работите се луѓе со кои навистина сакате да бидете опкружени на работа и со кои добро функционирате, сметајте се за успешни.

Дали сметам дека неуспехот е само дел од мојот пат кон успехот?

Многу успешни луѓе доживеале неуспеси безброј пати, затоа што не се плашеле од грешки и затоа што сметале дека неуспехот е можност за раст и развој. Научете да ги прифатите вашите неуспеси и да преземете одговорност за нив. Учете од грешките и гледајте ги како дел од вашиот пат кон успехот.

Дали сум личност која повеќе дава или што зема?

Бидете оние кои даваат, а не оние што себично земаат и сакаат да ги прескокнат скалите низ кои самите треба да поминат.

Дали задоволството ми доаѓа одвнатре?

Успешни сте, кога не барате потврда на другите за вашиот успех и кога успехот на другите не претставува закана за вас. Ако со нетрпение го очекувате успехот на некој друг и уживате во својот, без потреба другите постојано да ви кажуваат колку сте одлични и успешни, треба да бидете задоволни.

Дали знам која е мојата цел?

Успешните луѓе знаат која е целта. Затоа тие се посветени, страсни и бестрашни. Се разбира, тогаш тие ја споделуваат својата страст со другите. Ако ја пронајдете својата цел, она што навистина ве исполнува, ви дава сила, вие сте успешни без разлика колку таа страст ви носи пари.

Фото: Pexels