Ако не можете да вежбате, напијте се чаша црвено вино

5

vino-pexels

Фото: Pexels

Според едно истражување спроведено на универзитетот во Алберта, Канада, здравствените бенефиции на ресвератролот, состојка која ја има во црвеното вино, се слични на бенефициите од вежбањето.

Главниот истражувач Џејсон Дик вели дека овие сознанија можат многу да им помогнат на оние кои не се во состојба да вежбаат. Ресвератролот ги подобрува физичките перформанси, функцијата на срцето и ги зајакнува мускулите на истиот начин како по едночасовно вежбање во теретана.

“Мислам дека оваа состојка може да им помогне на оние луѓе кои сакаат да вежбаат, но не се физички способни. Ресвератролот може на некој начин да го имитира вежбањето, односно да ги има истите бенефиции како да сте правеле лесни вежби ден час”, вели Дик.

Постојат бројни студии кои потврдуваат дека луѓето кои пијат една чаша црвено вино на ден имаат помали шанси да заболат од малигни заболувања и деменција. Чаша црвено вино е добро за работата на срцето, го забавува процесот на стареење и го регулира шеќерот во крвта.

Сепак ова се однесува само на црвено вино и не смее да се претерува.

Доколку сакате да ја зголемите дозата на оваа чудесна состојка јадете боровинки, црно грозје, путер од кикиритки и црна чоколада (во умерени количини).