Ако парите ви “бегаат“ од раце, време е за овие трикови

294
Во слабо развиените земји штедењето не е честа појава, што воглавно е последица на економскиот статус, меѓутоа она што зачудува во последно време е тоа што ни граѓаните на напредните држави не успеваат да најдат “заеднички јазик“ со парите.
Како што пишува Independent, 15% од Британците немаат никаква заштеда, а секоја трета личност заштедила помалку од 1.500 фунти.
Ви предлагаме пет мерки за штедење кои може да почнете уште денес да ги применувате.

Поделете ја платата на пет дела

Износот што ќе ви остане откако ќе ги платите режиските трошоци поделете го на пет дела. Четири дела распоредете ги на четири недели во еден месец, а петиот дел тргнето го на страна. Трошете за она што ви е навистина потребно, а не за работи што ги сакате.

Најдете поволна каматна стапка за штедење

Потрудете се  да најдете банка којашто нуди поволна каматна стапка, овој вид на штедење е можеби најпаметен.

Хартијата трпи сè, а понекогаш и теглата

За да не се изгубите во своите планови на што да ги потрошите парите, сите свои идеи ставете ги на хартија. Ставете го листот на видно место за секојпат кога ќе посегнете по пари да се потсетите што е важно. Набавете една голема тегла која ќе ја полните со пари.

Австралијанка заштедила скоро 6.000 долари, кога во каса почнала собира монети, како и парите собрани од продажба на предмети од домот. Откако по 2,5 години ја отворила касата била изненадена што биле собрани 5.747 долари, а касата не била наполнета ни до пола.

Искористе ја технологијата

Некои компании имаат алгоритми коишто во однос на вашите примања, го пресметуваат износот наменет за штедење.

Речете НЕ на онлајн купувањето

Еден од “најдобрите“ начини за земање на вашите пари е купување преку интернет. Тогаш се јавува ризик од претерано трошење, бидејќи купувате со само еден клик и го губите чувството на трошење свои пари.

Фото: Pexels