Ако сакате да добиете унапредување…

19

meeting-2284501_960_720

Фото: Pixabay

Неколку (не)пишани правила што важат во корпоративниот свет… неколку совети што треба да ги следете ако сакате да добиете унапредување.

Бидете скромни

Ароганцијата нема никаде да ве однесе, но ако внимателно слушате и забележувате така и ќе научите. Останете скромни, не го кревајте гласот без потреба, прашувајте, барајте помош ако ви треба.

Оптимистички поглед

Од секоја ситуација настојувајте да го извлечете позитивното. Во секој проблем барајте ја светлата страна. Сите сакаат оптимисти, бидејќи тие даваат енергија и веруваат дека напорната работа се исплатува, додека песимистите го расипуваат расположението и не се омилени во ниедно друштво.

Фокусирајте се на извршување на задачите

Планирањето е важно, но уште поважно е извршување на задачите. Додека размислувате што и како ќе биде направете нешто. Штом имате идеја како да се реши, превземете акција. Можеби ќе направите попатни грешки, но праксата ќе ви го даде потребното искуство. Со теоријата само ќе тапкате во место.

Волонтирајте

Најдобрите вработени секогаш се спремни да бидат волонтери и воопшто не избегнуваат дополнителни задачи. Напротив, се радуваат на нов предизвик зошто знаат дека ќе научат нешто ново. Не вртете глава кога претпоставениот ќе праша “Кој ќе се пријави?” –  прифатете ја обврската, бидете проактивни, тоа е одлика на најдобрите лидери.

Адаптирајте се

Работите постојано се менуваат, особено во брзорастечките компании. Ако не умеете да се прилагодите на промените, нема да одите напред. Кога компанијата расте и се развива, она што ѝ треба се вработени кои со задоволство ќе го прифатат динамичното темпо. Токму тие ќе ги добијат заслугите и ќе се искачат за место (две) погоре.

Извор Inc.