Ако сте дехидрирани не седнувајте зад волан

34

voda-1-pexels

Фото: Pexels

Најновите истражувања покажуваат дека дури и блага дехидратација е исто како и возење во пијана состојба. Доколку возачот е дехидриран, голема е веројатноста да ги направи истите грешки во возењето како и возач во алкохолизирана состојба.

Според испитувањата, оние возачи кои немале проблем со дехидрираност направиле 47 сообраќајни грешки за време на возењето, но кај мажите кои биле дехидрирани таа бројка била дури 101, што е исто како кај возачи во алкохолизирана состојба или под наркотици.

Најчести инциденти биле скршнување од лента, задоцнето сопирање, преминување преку нерамни површини или сообраќајни ленти и слично.

Бројката на грешки што возачите ги направиле е исто како кај личност која има 0,08 промили алкохол во крвта.

Со други зборови, возачите кои не се правилно хидрирани не би требало да седнуваат зад волан. Таа состојба може да биде опасна и за останатите учесници во сообраќајот. Затоа, особено во летните денови задолжително понесете шише вода со вас.